![]() |
Фото: Милан Стрезовски
|
За биолозите, тоа е стариот охридски platanus orientalis.. За охриѓани - Чинарон! - место каде што поминале и поминуваат голем дел од животот, дрво што има да ви раскаже 1.100 години историја
Охридскиот чинар. Дрво за кое нема конвенционален опис. Обидувајќи
се да го најдеме, пред очи ни доаѓа учителката од прво до четврто, велејќи дека
тоа дрво е толку големо, што би требало сите деца од одделението да се фатиме за
раце околу него за да го опколиме. И, навистина. Уште од деца сме го доживувале
како нешто нереално. Како е можно да постои толку големо дрво!? И, како е можно
нешто на светов толку долго да живее? Колкав е неговиот габарит, ќе сфатите кога
ќе почнете да чепкате по записите, по уметничките дела или да ги барате луѓето што
некогаш го проучувале, секој од свој специфичен агол на интерес. Прашајте во Охрид
кои се тие и - речиси сите ќе ве упатат кон неколкумина страстни вљубеници во чинарот:
публицистот Никола Бошале, шумарскиот инженер Владо Бојаџи, сликарот Славко Упевче
или новинарот Владо Жура.

