Скопската Стара чаршија ќе најде илјада начини да ви покаже дека е место каде што се среќаваат световите. Една од таквите средби е средбата на вкусовите на Истокот и Западот, кои ве демнат на секое сокаче по кое ќе зачекорите
![]() |
| Фотографии: Љубомир Стефанов |
Вкусови што дошле од друго време, од други светови. Небаре затворени во кутија со спомени, живеат свој живот. Нема да ги загрози ни глобализација, ни Хасап-систем. Вкусот на Ориентот - од појадок до легнување. Ве демнат отсекаде. Од каде и да тргнете. Вкусови што се таму низ вековите. Вкусови што е потребно само еднаш да ги пробате и никогаш повеќе без нив да не можете. Ве водиме таму, на прошетка низ скопската Чаршија, чекор по чекор по патот на вкусовите.
ТЕЖОК ПОЧЕТОК
![]() |
| Не пропуштајте сараевски бурек во бурекџилница „Елида“, ТЦ Мавровка |
Тргнуваме низ денот. Уште од самиот почеток Чаршијата нè пречекува со тешка задача. Што да одберете за појадок, од убавите нешта што ве предизвикуваат? Бурек, симит-погача, ѓеврек, сараевски бурек - со јогурт, чај, ајран, кафе? Одберете решително. Што и да биде вашиот избор, нема дапогрешите. Секогаш ќе останат непробани неколку нешта што наскоро ќе веповикуваат назад во чаршијата.
Денот е пред нас. Се движиме низ сокаците, обидувајќи се да ги оживеемевремињата врежани врз фасадите и плочниците. Кој пат да го фатиме? Накајкоја учичка да тргнеме? Што велите за дуќанчето со чудни инструменти иапарати за научни лаборатории, веднаш зад Безистен? Или, лимарот на полпатмеѓу стара Слога и првите тезги на Бит-пазар? Каде и да решите да појдете, ќедојде време да пивнете нешто за освежување. Каде и да ве води патот, по патбездруго ќе сретнете лимонада, боровница или боза. Каде и да тргнете по пат ќе најдете нешто што ќе ве згрее додека ѕемнете шетајќи од сокаче во сокаче, по работа или од задоволство - чај, кафе, салеп, оралет.
![]() |
| Каде и да седнете, добро ќе ви дојде турски чај. Ви ја препорачуваме чајџилницата под Свети Спас |
Кај и да е, набргу ќе ве задеси "ниедно време" - доцна за појадок, рано заручек - доцна за ручек, рано за вечера. Но, Чаршијата секогаш има решение - лахмаџун со ајран, леблебија или топли кикирики.
Ви паднал шеќерот, а уште ви се чини рано да влезете во слаткарница? Подзастанете во леблебџилницата и разгледајте ги големите тегли сошеќерчиња, бонбони какви што некогаш одамна сте гледале во маалскатабакалница. Чаршијата е местото што ќе ве потсети на времето кога сте јабарале дневната доза банки, динарчиња или денарчиња од повозрасните, доволни за да си купите парче радост од теглите со отвор накосо.
![]() |
| Во Чаршија сте а да не пробате ќебапи? Не бива. Побарајте го вашето омилено место! |
Време за ручек. Чаршијата мириса на скара, тавче гравче и вкусни јадења одакчилниците. Одвреме-навреме тон ќе им дадат штотуку ставените лутипиперчиња врз скарата, нестрпливо чекани од гостите да се потпечат. Повторно, што и да одберете - нема да погрешите. Повторно го правитевистинскиот избор - заминувајќи со грст вкусови во себе што нестрпливо ќе веповикуваат назад во чаршијата.
Пред вас е долг ден за прошетки. Ќе ви треба сила и бистар ум за да разгледате се што ќе ви ги подлаже очите. Обидете се со чашка-две турски чај - формула што секогаш се покажува успешна. Седнете на теферич, под Свети Спас или веднаш под јорганџиите, уживајќи во убавите мисли и раздвиженоста на улиците што станува сè помрзелива. Ако ве задеси вторник или петок - полна капа! Тркнете до Бит-пазар, натежнат од свежо овошје. Ќе ви треба свежина за нови пустоловини низ чаршијата.
ТАМАМ
![]() |
Од некаде ќе ве изненади мирис на тазе
печени леблебии, кикирики. Брцнете по
ситни пари во џебовите!
|
Еден по еден, се јавуваат оџите што повикуваат на молитва. Кај да е, и камбаната на Свети Спас ќе заѕвони. Се движиме накај излезот - еден од многуте. Време е да си земеме сувенир на денот, нешто што ќе нè испрати до денешно Скопје. Тркнете до првата слаткарница и седнете на казан-диби - пудингот од дното на казанот, каков што нема да најдете на друго место. Би било убав гест да однесете нешто и дома, на домашните. Побарајте да ви спакуваат некое парче ф'ст'к баклава. Сувенир нека бидат фишек печеникостени и споменот на убавите вкусови што ќе ве повикува назад вочаршијата. Сè е тамам!
![]() |
| За крај - баклава. Тамам за овојпат? |





