Пишува: Васко МАРКОВСКИ
Снимил: Милан СТРЕЗОВСКИ
Така ќе беше и годинава, да не одекнеше жалната вест, за хеликоптерот на АРМ што падна кај Катланово. Наместо по нови вести за трагедијата што се случи, и годинава на 14 јануари ќе ги очекувавме нестрпливо весниците, за да видиме во што се претвориле и кои политички настани ги коментирале вевчанските василичари. Но, не било к'смет!Но, не напразно Вевчани го бие глас дека е свет за себе, Република Вевчани, како што вели и легендата што ќе ви ја раскажат вевчанци кога ќе ги прашате како настанало селото. Ќе ви раскажат дека водат потекло од човекот што го оставил Свети Наум покрај вевчанските извори, по сите неуспешни обиди да го воспита и да го скроти.
"Жалиме за ова што се случи, но вевчанци живеат за овој ден и ништо не може да ги спречи да го празнуваат. Така е од пред 1.400 години, уште кога настанало селото", ни рекоа многумина што ги запрашавме по пристигнувањето во селото.Уште од влегувањето во Вевчани ќе забележите дека има зошто да кружи толкава фама околу овој топоним. Веднаш ќе го забележите домаќилакот - се гледа кога ќе ги погледнете куќите, тротоарите или црквата Свети Спас, заштитникот на селото, што ве пречекува уште на влезот. Домаќините ќе ви раскажат дека речиси нема куќа од која не родила мајстор и оти нема куќа од која барем еден не заминал на печалба, главно во Словенија, што направило селото да биде богато. Исто така, уште веднаш ќе ви кажат дека жителите се сложни како на ниедно друго место во Македонија, што направило не само куќите, туку и селото да биде домаќински уредено.
ВАСИЛИЧАРИ ВО КРВТА
Што чувствуваат вевчанци за карневалот, прва ни раскажа нашата домаќинка, Спаса Парталоска, чии гости бевме за време на нашиот престој во селото.
ВАСИЛИЧАРИ ВО КРВТА
Што чувствуваат вевчанци за карневалот, прва ни раскажа нашата домаќинка, Спаса Парталоска, чии гости бевме за време на нашиот престој во селото."Карневалов го памтам откога постојам, откога знам за себе. Цел живот, одвај чекам да се разбудам на 13 јануари. Кога ќе се разбудам, за мене тоа е најубавиот ден во животот и во годината. Затоа 12-ти спијам повеќе, за да го дочекам одморена со целосна енергија", ни рече Спаса послужувајќи не’ мезе и ракија.
Веројатно почувствува дека не ни беше најјасно, па се обиде да ни објасни.
"Не може секој да го сфати тоа. Вевчани, буквално, живее за карневалот - на пример, наутро кога одиме кај изворите на вода, нешто ќе ти подзастане во душата додека се пее Оди неста на вода. Ние живееме за овој ден! На 13-ти и 14-ти не сакам гости, не сакам никакви обврски. На тие што ми се блиски им оставам отворена куќа, самите нека се грижат за себе. Се’ што им треба - тука е. Има една изрека што си ја кажуваат вевчанци барем еднаш во годината, на Свети Василја кога си велат секој за себе: Господи сполај ти што су’ вевчанец!", ни раскажа Парталоска.
СИВИ ДОМ
Дека нема нешто што ќе ги предомисли вевчанци да го откажат карневалот ни рекоа нешто подоцна и членовите на василичарската група Сиви дом, кои ги посетивме додека ги подготвуваа маските со кои требаше да настапат следниот ден.
СИВИ ДОМ
Дека нема нешто што ќе ги предомисли вевчанци да го откажат карневалот ни рекоа нешто подоцна и членовите на василичарската група Сиви дом, кои ги посетивме додека ги подготвуваа маските со кои требаше да настапат следниот ден.Разлгедувајќи наоколу низ собите, сфативме дека сме на гости кај дружината чија маска Трпеза со човечки глави беше најчестата фотографија насловните страници пред две-три години. Уште еднаш се уверивме дека не постои нешто што може ги запре василичарите.
"Карневалот ни е во гените, во црвените крвни зрнца. Кога бев во војска, на пример, имаше немири на Косово, па не сакаа да ме пушат дома за карневалот. Јас уште веднаш им реков на претпоставените дека ако не ме пуштат дома за василица, јас ќе се напрам василичар макар и во затвор. И, така беше. Еден од другариве, цела ноќ низ касарната во Битола пеел По мене, бабо, по мене.. зашто не го пуштија дома за да биде василичар. Така било 1.400 години, така ќе биде секогаш. Нема нешто што може да ги запре василичарите", ни рече Ѓорѓи Парталоски - портпаролот на Сиви дом.
Дружината е формирана од 11 вевчанци од горно и од долно маало - нешто што некогаш било незамисливо. Според преданијата, некогаш било многу ризично да се сретнат две групи василичари од горно и од долно маало, но денес се маскираат заедно. Како што видовме и на исечоците од весници, залепени по ѕидовите, групата е една од дружините што знаат да извадат повпечатливи маски, како што ни рече и Спаса кога ни вети дека ќе не носи кај интересни василичари.
За дваесетина години, колку што се заедно, членовите на групата настапиле под маските Бушава азбука, Свадба, Летечки килими, Штрумфови, Даски за пеглање, Хитлер и дружината, Вевчански мажоретки, Пингвини.. и Џуџиња."За утре спремаме маска што ја нарековме Заробеници на мрачните сили. Се работи за оптичка мамка - секој од нас ќе се облече во чудовиште носи човек в кафез. Сега ги правиме последните подготовки", ни рече Јован Шекуткоски, еден од луѓето што во моментот беа со алатка в раце, откако му ветивме дека никому нема да откриеме каква маска подготвуваат.
"Нема што не сме биле - овој, на пример, беше Хитлер и ептен го личеше", дофрли на шега човекот што ни го кажаа како КГБ (Калајџиевски Горан - Берберот), наздравувајќи со шише пиво в раце.
СРЕД НОЌ НА ВОДА
Додека бевме со нив, ја искористивме можноста и од нив да научиме нешто за обичаите и за протоколот. Главни маски на карневалот се две групи составени од Глупи Август, ѓаолите, зетот и невестата (машко) - по една група за двете маала, горно и долно. На 13 јануари околу 14 часот двете групи се собираат на влезот на селото, заедно со василичарите од двете маала. На чело одат ѓаолите и Глупи Август, кои треба го истераат злото од пред зетот и невестата, а на селото да му отворат пат за нови свадби. Веднаш зад нив се носи василичарскиот бајрак, а по бајрактарот се редат зурлите и тапаните и маскираните групи, најпрвин од горна, а подоцна од долна маала. Дефилето завршува на сред село, каде што се собираат сите маски заедно. Нешто подоцна, зетот и невестата од двете маала одат од куќа до куќа, каде што им даваат пари, а веднаш по нив одат групи од по пет-шест деца, пеејќи ја песната По мене, бабо, по мене со која ги благословуваат домовите за плодност. Обичаите продолжуваат на 14 јануари, рано наутро, кога невестите се носат на вода на вевчанските извори, како што се носат вистинските невести на вода, првиот ден по свадбата.

"Тогаш цело село оди кај изворите - носиме ѓумчиња за вода, лепчиња и киски (китки) од босилек, трн василичарка и гранчиња од дрен, врзани со црвен конец. Босилекот ја симболизира духовноста, трњето да го запрат злото, дренот за да бидат здрави - црвениот конец го симболизира животот. Од извор дома се враќаме со вода и со киската, а од водата замесуваме пита или леб", ни се вклучи во разговорот Спаса.Празнувањето продолжува откако ќе се раздени. Тогаш, со зетот и невестата на чело, се оди на визита кај Василовци и Васковци.
200 ЧАШИ РАКИЈА
Разговарајќи дојдовме и до муабетот за пиењето. Забележавме дека секаде каде што одиме, се потврдува гласината дека во вевчани многу се пие. Решивме за тоа да ги прашаме и домаќините, па дојдовме до фрапантен податок."Се пие масовно. Пие и старо и младо. Но, важен е тренингот. Во вевчани си имаме олимпијада, што почнува уште од Митровден и трае до Свети Василја", ни рече Ѓоко портпаролот.
"Ама, најтешко им е на зетот и на невестата. Тоа го имам лично искусено, зашто пред неколку години и самиот бев василичарски зет. Влегуваш во 600 куќи во Вевчани, па сега рачунај. Само во 10 отсто од нив да се напиеш по една ракија - тоа се 60 чаши ракија, или кој што пие. Моето искуство беше - 200 чаши ракија. Но, во трчањето се’ испарува, а и веќе немаш гајле после толку чашки", ни раскажа КГБ наздравувајќи.
"Ама, најтешко им е на зетот и на невестата. Тоа го имам лично искусено, зашто пред неколку години и самиот бев василичарски зет. Влегуваш во 600 куќи во Вевчани, па сега рачунај. Само во 10 отсто од нив да се напиеш по една ракија - тоа се 60 чаши ракија, или кој што пие. Моето искуство беше - 200 чаши ракија. Но, во трчањето се’ испарува, а и веќе немаш гајле после толку чашки", ни раскажа КГБ наздравувајќи.Дека тоа не е од вчера подоцна ни раскажа и тетка Мара, мајката на Спаса, со која поразговаравме за нејзините впечатоци од карневалот.
"Утре ќе имат најгрди зборови за секој политичар, за све живо. Милиц-јата само си врвит, си прајт, не смејт никој никого да го ѓибнит. А трезно ништо не можиш да најш - ќоро е машко, женско. Дур не се ќоросат, дур не се удајт во алкохол - тој не се облеквит и не излегвит", ни раскажа тетка Мара.
ЖУРКА ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ
Ни остана уште да го почувствуваме тоа за што сме слушале и што ни го раскажаа нашите домаќини. Незаборавни ќе останат спомените од дружењето со жонглерите од дружината Фазбабл кру од Скопје, германскиот стрит-артист Really wonder, Суперхикс и Оркестар Серчук и DJ Rootboy. Организаторот навистина се погрижил во програмата да влезат артисти што ќе направат журка за сите генерации истовремено. Неповторливо доживување беше да се видат како се журкаат сите заедно играјќи чочек или шизејќи на насловната композиција од филмовите Џемс Бонд, на чочек-изведба на Бафало Солџер од Боб Марли, или на The Ace of Spades од Моторхед.

А карневалското дефиле - тоа мора да се види и да се почувствува. Другото нека го кажат фотографиите.