Tuesday, February 09, 2010

Кој е овој човек?


Човекот што го знаеме како Димитрија Миладинов од фотографиите на браќа Миладиновци отпечатени во учебниците, не е Димитрија Миладинов. Ова го тврдат луѓе блиски до семејството Миладиновци, повикувајќи се на изјави на членови на семејството Миладинови.

Како што ни пренесоа нашите извори, и луѓето од семејството со години се прашуваат кој е всушност човекот на црно-белата фотографија и како се случило токму тој лик да фати корен во македонската јавност како ликот на нивниот славен предок.

Како вистинскиот лик на постариот брат-преродбеник семејството посочува една фотографија од на Димитрија, фотографиран на помлада возраст.

Ќе се обидеме да стапиме во контакт со семејството и ќе побараме автентичен исказ за сознанијата што ги имаат Миладинови.

Види и: Лажните Миладиновци

1 comment:

Anonymous said...

https://gallica.bnf.fr/accueil/fr/html/eugene-sue-1804-1857

Нислам дека на овој линк е човекот (Eugène Sue) чиј што портрет е погрешно земен како портрет на Димитрија Х. Миладинов.