
Ги имаме. По неколкудневно трагање по вистинските ликови на браќа Миладиновци, дојдовме до копии од единствените автентични фотографии на кои е овековечен вистинскиот личен опис на струшките браќа преродбеници, Димитрија и Константин Миладинови.
Следејќи ги трагите на нашите извори, успеавме да ги пронајдеме фотографијата на младиот Димитри сликан покрај неговиот близок пријател, владиката грчки Мелетија и единствената автентична фотографија на Константин, фотографиран со неговите колеги од Филолшкиот факултет во Москва, во 1858 година.
Аветнтичните фотографии откриваат една сосем нова слика за вистинската физиономија на браќата собирачи на народни умотворби, наспроти фотографиите и илустраиите што се масовно употребувани учебниците од јавното образование и во македонската публицистика воопшто.
Како што ни рече внукот на браќа Миладиновци, Ристе Миладин од Струга, тој неколку пати до сега се обидел да ја анимира јавноста и да повлијае во идните изданија да се користат вистинските ликови на Димитрија и Константин, но до сега ништо не е променето.
Единственото нешто кое би можело да биде резултат од неговите обиди е што во неодамна повлечената Македонска енциклопедија, поглавјето за Димитрија Миладинов е илустрирано со уметнички портрет изработен од македонскиот сликар Новица Трајковски, во кој како основа е земен ликот од фотографијата со владиката Мелетија.

Види и: Лажните Миладиновци , Кој е овој човек? , Третиот Миладин .
No comments:
Post a Comment