ТАКСИ ПРИКАЗНА
Дојденец во маглив ден
Кај ме најде, кај ме запусти. Ова често пати знаеме да си го кажеме ние таксистите. Некогаш ќе качиш патник - ќе те изнасмее, ќе ти го разубави денот. Некогаш ќе влезе некој тивок, молчалив - ќе те далдиса во мисли. Некогаш возиш некои “батки” и - од старт знаеш дека си ја качил бељата во кола. Има уште неколку типови “типови”, но, овој не беше таков.
Да е бељаџија, не е. Да е намќор, не е. Ај, да не грешам душа, ќе речам - обичен човек во непознат простор.
Се качи кај сегашно “Блу кафе”, спроти “Чичко Стоилко”. Беше недела приквечер, една магла - на пет метри пред шофершајбна. Ми падна жал кога го видов - стегнал по студот во раце некоја тешка торба и полека-полека дојде до колата. Си велам, мора да е студент, со торбава, недела попладне. Влезе.
“Кај ќе одиме?”, го прашав. Рече “во Аеродром, зад зелените згради” и - тргнавме.
Возам, полека - одвај! Прва-втора. Трета не можеш да “убациш”, не се гледа. “Од кај си-што си” го прашав, рече бил од Кичево, студирал тука на Шумарски, бруцош. Праиме муабет така.. рече имал брат во Белград, се мислел дали да студира таму или во Скопје, немал пари.. решил да се запише во Скопје.
“Како се снаоѓаш во Скопје. Одиш негде, шеташ?”, го прашав.
Рече имал тетка во Влае, вујковци во Железара и во Радишани, неколку пати бил до кај нив и толку. За шетање во град уште немал друштво. “А и пари требааат”, се пожали.
Стигнавме до кај “Три бисери”, свртев лево на семафорот, накај салата МЗТ.
- Еве ги “зелените”. Да вртам сега десно? - го прашав.
- Чекај, да разгледам кај сме - одговори.
Ај го почекав.. Му кажувам “Лево е Мајчин дом, право ти е МЗТ. Онде десно е школото”. Не, не се снаоѓа. “Кажи ми адреса, да пробам да те однесам така”.
“Како беше, знам булевар Јане Сандански, ама бројот не ми текнува”, џабе, не знае.
“Што има блиску до зградата, продавница, паркче...?” - пробав да му помогнам.
“Градинката” - рече.
Тргнав кај градинката.
“Не, не е тука”, вели, “јас одам околу некако, од главната улица лево, ама во едно уличе...”.
Почна да ме фаќа “сафрата”. Се врткавме десетина минути.. Немаше “мобилни” тоа време, да се јави да праша негде.. Има ли ова, има ли она.. Ми идеше да го оста'ам, нека се снаоѓа, ама жал ми паѓаше некако, беше студено, не знам колку е далеку, што ќе пра'и со торбиштето. Едно време ми текна.. “Каде зад ,зелените', да не си кај трите кули!?”.
“Има три кули, кафеави - јас сум во средната”.
“Фала Богу”, си реков. Од една страна ми олесна, од друга - ми идеше да збеснам. Но, бидна, и нему не му е лесно. Дете, 18 години, сам во туѓ град, сред магла. Здравје, таква ни е работата.
Дојденец во маглив ден
Кај ме најде, кај ме запусти. Ова често пати знаеме да си го кажеме ние таксистите. Некогаш ќе качиш патник - ќе те изнасмее, ќе ти го разубави денот. Некогаш ќе влезе некој тивок, молчалив - ќе те далдиса во мисли. Некогаш возиш некои “батки” и - од старт знаеш дека си ја качил бељата во кола. Има уште неколку типови “типови”, но, овој не беше таков.Да е бељаџија, не е. Да е намќор, не е. Ај, да не грешам душа, ќе речам - обичен човек во непознат простор.