Архитект, човек со огромна колекција плочи, дискови и музички видеа, иконописец, фотограф, радиолик, вљубеник во природата, човек со кого секогаш има убав муабет, за што можат да ви посведочат и многу славни имиња од светската музика
Во оваа епизода на „Урбани легенди“ зборот „урбано“ има специфична тежина. Си имаме работа со лик кај кого поимот урбано е професионална определба и човек кој со своите приватни преокупации на разни начини втиснал и втиснува печат на урбаното живеење во Скопје. Ангел Ситновски, Бојс.
Човек со многу таленти и многу преокупации. Некои од нас го знаат како радиолик, човек кој со години ја споделуваше со нас музиката од неговата огромна колекција, за која многумина, дури и дискофили од негов ранг, ќе ви речат дека е можеби најголема збирка на носачи на звук во Македонија. Ако сте пропуштиле да го слушате на „Скај Радио“, едно од првите приватни радија во Скопје, следната шанса биле емисиите на „Радио Равел“ (1998-2005). Ако и таа шанса сте ја пропуштиле - и денес имате шанса - неговиот Фејсбук профил, место каде што ќе ве изненади со музики што можеби првпат ги слушате. Збирката почнал да ја создава одамна, уште од раната двоцифрена возраст. Луѓето што се сведоци на тие времиња ќе ви кажат дека е еден од првите луѓе - ако не и првиот? - кој во Скопје што имал плоча од „Бич Бојс“. Ја шетал насекаде со себе, низ град - така го завикале „Бојс“, прекар што си го носи од 1964 година.
Човек со многу таленти и многу преокупации. Некои од нас го знаат како радиолик, човек кој со години ја споделуваше со нас музиката од неговата огромна колекција, за која многумина, дури и дискофили од негов ранг, ќе ви речат дека е можеби најголема збирка на носачи на звук во Македонија. Ако сте пропуштиле да го слушате на „Скај Радио“, едно од првите приватни радија во Скопје, следната шанса биле емисиите на „Радио Равел“ (1998-2005). Ако и таа шанса сте ја пропуштиле - и денес имате шанса - неговиот Фејсбук профил, место каде што ќе ве изненади со музики што можеби првпат ги слушате. Збирката почнал да ја создава одамна, уште од раната двоцифрена возраст. Луѓето што се сведоци на тие времиња ќе ви кажат дека е еден од првите луѓе - ако не и првиот? - кој во Скопје што имал плоча од „Бич Бојс“. Ја шетал насекаде со себе, низ град - така го завикале „Бојс“, прекар што си го носи од 1964 година.
Непосредноста со која ќе го размените макар и најкусиот разговор за музиката со него, ќе направи да помислите дека конечно сте го нашле својот учител за музиките што сте посакувале допрва да ги откриете. Ќе бидете пријатно изненадени колку едноставен може да биде разговорот со човек кој речиси 50 години го следи развојот на музиката; кој има своја меморија и свои теории зошто некој правец во музиката се појавил; и која била музиката што ги создала предусловите некој правец да се појави - школа!
Луѓето што го познаваат, ќе ви кажат дека таков бил отсекогаш - и кога имал само неколку плочи, првите, од „Шедоус“ и од Клиф Ричард, кои настрадале во поплавата во 1962, кога живееле во куќа кај Градски парк; и денес. Таков беше и минатата недела, кога се видовме, кога му вети на помалиот внук дека дента ќе одвои време, да дојдат со другарчето да им пушта плочи - да слушаат музика на плочи, за првпат! - од збирката која денес брои - вимание! - 12.000 винили, 25.000 ЦД, 4.000 ДВД-а музичко видео.
Во големата фонотека, како што ќе ви кажат луѓето што го следат скопскиот Џез фестивал од почетоците, има колекции што знаеле да ги остават без здив многуте светски музички фаци што некогаш дошле да настапат во Скопје. Не можеле да поверуваат дека таму некаде, на Балканот, „на крајот на светот“, ќе сретнат некој кој го знае нивиот прв бенд, на кој и самите заборавиле, и има плоча од тој бенд, која им ја донел на потпис, заедно со другите изданија од нивните подоцнежни проекти. Таква, на пример, била средбата со американскиот џез саксофонист Дејв Либман, со кого имал прилика да се запознае зад сцената на скопскиот Џез фестивал. За Либман било неверојатно кога пред него се појавил човек, кој му кажал: „Те познавам уште од 'Тен вил драјв', бендот со кој ја почнал музичката кариера. Таква била и средбата со Б.Б. Кинг, кому на потпис му донесол 40 албуми, а средбата завршила со час и половина муабет, или со Џо Завинил, уште една светска фаца со кого размениле инспиративен муабет.
„Интересно е кога ќе дојдат такви големи ѕвезди, кога ќе почнеш да им правиш муабет, кога ќе видат дека се разбираш за музиката, и ним им е мило да зборуваат со тебе“, вели Бојс
| „Бојс го доживувам како трезор и легенда, кој, истовремено, е и човек со ретка, Божја дарба тоа да го сподели со другите“, Ацо Црногорецот (Група „Тор“) |
„Бојс, и во едно минато време и во сегашноста, го доживувам како трезор и легенда. Трезор на нешта што многу луѓе не ги ни знаат дека постојат, а тој е човек кој таквите нешта ги поседува најповеќе, го поседува најквалитетното и најкултурното. Човек со ретка, Божја дарба, тоа го сподели и го да презентира пред луѓето како водител на радио. Трезор-легенда. Како човек и како другар е, можам да кажам, прекултурен за ова поднебје - немам зборови да го опишам. Го познавам од 1968 година, од времето кога беше еден од почетниците и клучните луѓе на хипи-движењето; сум видел негови проекти како архитект; сум го видел неговото однесување и пристап кон неговата професија и можам да кажам само суперлативи за него. Во сиве овие времиња, Бојс беше секогаш Прва лига“, ни рече легендарнот басист на „Тор“, за кого многумина ни раскажувале.
| „Можете да замислите колкава е желбата на сите тие светски ѕвезди да поразговараат со не- го, кога ќе го видат со цела колекција од нивното творешт- во во рацете!?“, Бранко „Пелистер“ |
„Можете да замислите колкава може да биде желбата да поразговараат со него кога тие светски ѕвезди што доаѓаат овде, во Скопје, кога ќе го видат со цела колекција плочи од нивното творештво во рацете!? Музиката ти го определува начинот на животот и во голема мера го обликувала и животот на Бојс. На тој начин ги бира пријателите; не пропушта да ги посетува настаните каде што има музика; се дружи со луѓе што се заинтересирани за таа, креативната музика. Музиката во голема мера го обликувала и како архитект и му го осмислува времето што му останува за лично задоволство. Оди на одмор таму каде што има концерти, а тоа кажува дека кај таквите вљубеници во музиката духот не старее, без разлика дали имаш 25 или 65 години“, ни рече Бранко.
Сакавме да чуеме некој збор и од архитект, некој што го познава Бојс од стручен агол. Многумина ни ја посочија Мила Искреновиќ, архитект, соработничка во многу проекти на Ангел. Се запознале во времето додека била уредничка на списанието „Куќа“, специјализиран магазин за архитектура. Имала прилика да ги запознае многуте полиња на неговиот израз - архитектура, сликање, фотографија, публицистика.
| „Станува збор за една комлет- на личност, која што не си ги покажува квалитетите. Дури кога ќе седнеш да се дружиш со него ќе сфатиш што се' се крие во него“, арх. Мила Искреновиќ |
Чудна карма носи името на неговото архитектонско студио, случајно-неслучајна: „Архангел“. Архитект и ангел. Ангел. И, да не заборавиме: Ангел е постар брат на уште една урбана легенда - Ситна.

No comments:
Post a Comment