| Фотографии: Киро Попов |
Улиците во
центарот на градот беа претесни за да може да помине поворката од автомобили и
автобуси, а јавното комунално претпријатие мораше да позајми погребни возила од
Македонски Брод, Прилеп и од Охрид.
Додека
најблиските го слушаа опелото за нивните сопрузи, татковци и роднини, кичевци
пред храмот се присетуваа на Богдана, Југета и на Дејанa, одвреме-навреме
погледнувајќи кон трите крста потпрени на ѕидот на црквата. Повозрасните се
присетија и на тешката сообраќајна несреќа од 1973 година, кога, на речиси
истото место, враќајќи се од работа, загинале две момчиња и две моми од Кичево.
Во истиот момент
најблиските се простуваа и од Јово, кој беше погребен на гробиштата во блиското
село Раштани, каде што биле погребени неговите родители и братот, кој пред
некоја година загинал на работното место.
Несреќата се
случи завчера доцна попладне, во непосредна близина на мотелот „Починка“, а,
според првичните сознанија на полицијата, причина била пречекорената брзина на
двете возила - „ладата“ во која биле работниците на „Тајмиште“ и црната „ланча“
со тирански таблички, во која биле загинатите Г’зим Шехи и Аљбан Бебља,
државјани на Албанија.
За живот уште се
бори кичевецот Драге Стојковски, кој вчера ургентно беше пренесен во Клиничкиот
центар во Скопје, од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. Според нашите сознанија,
Стојковски е во критична состојба, со внатрешно крвавење и тешки повреди на
‘рбетниот столб.
Загинатите
кичевци зад себе оставија малолетни деца, а по најстариот од нив, Богдан
Запотовски, ќе тагуваат и внучињата од неговите ќерки.
12 јануари 2007
http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=172&ArticleID=7405
No comments:
Post a Comment