ГУРМАН
Ресторан “Кварнер” - Скопје
Архипелаг на вкусна храна
Васко Марковски
Понудата на национални јадења во Скопје од пред три месеци е збогатена со специјалитети од хрватското крајбрежје на Јадранското море. Станува збор за рибниот ресторан “Кварнер”, во кој се готви со риба и морски плодови, уловени во околината на истоимениот архипелаг. Мотив да се отвори ваков ресторан сопствениците нашле во заситеноста на рибните ресторани во Скопје со риба од Егејското море, а, истовремено, поттик им биле егзотичните далматински јадења.
Во “Кварнер” главно се служи “дива риба”, уловена во подалечните води, пред с? орада, бранцин, ковач, шкрпина, пиц, фратар и кавала. Јадењата од риба се сервираат со блитва - растение слично на спанаќ, во комбинација со компири и маслиново масло.
На менито има и разновидни јадења од каписанти, остриги, лигњи и сипи. Специфично за јадранските лигњи е што се големи и се вкусни за полнење и за печење на скара, по што се преливаат со сос од вино. Голем дел од јадењата се комбинирани од тестенини - шпагети со морски плодови, зелени резанки со морски плодови или фужи со шкампи. Како состојка на овие јадења се употребува и печурката тартуфа. Специјалитетит на куќата е црното рижото со сипа, кое се подготвува од италијански ориз, сипа и комбинација од зачини.
Покрај јадења од риба, морски плодови и тестенини во “Кварнер” се подготвуваат и специфични далматински јадења од месо. Меѓу нив се бифтек на скара, бифтек со тартуфи, бифтек во сос од зелен бибер и пилешки гради во сос од лимон.
Од поинтересните салати би ги издволе медитеранската салата со марула, туна, јајце и маслинки и кварнерската салата од марула, домати, солени рипчиња инчуи, зачин капри и пченка. Ресторанот располага со голем избор висококвалитетни жестоки пијалоци и вина од хрватските виногорја, а јадењето ќе ви го направат пријатно далматинска музика и ведро уредениот простор. Сепак, кога ќе дојде ред да си ја платите сметката може и да ви се стемни. Храната е навистина добра, но цените се ексклузивни и задоволството не може да си го дозволи секој. “Прописно” јадење би ве чинело 1.400 до 1.500 денари по човек.
Адреса: Андон Дуков бр. 27 - хотел “Скопски мерак”, кај Зоолошката градина во Скопје.
Работно време: понеделник - четврток од 9 до 24 ; петок и сабота од 9 до 1 по полноќ; недела од 9 до 24 ч.
Резервации: телефон 02 / 30 90 752.
Начин на плаќање: во готово; граѓански чекови; Мастер кард, Виза, Американ експрес и Дајнерс.
Пристап за луѓе во количка: една скала на влезот; во една рамнина.
Ресторан “Кварнер” - Скопје
Архипелаг на вкусна храна
Васко Марковски
Понудата на национални јадења во Скопје од пред три месеци е збогатена со специјалитети од хрватското крајбрежје на Јадранското море. Станува збор за рибниот ресторан “Кварнер”, во кој се готви со риба и морски плодови, уловени во околината на истоимениот архипелаг. Мотив да се отвори ваков ресторан сопствениците нашле во заситеноста на рибните ресторани во Скопје со риба од Егејското море, а, истовремено, поттик им биле егзотичните далматински јадења. Во “Кварнер” главно се служи “дива риба”, уловена во подалечните води, пред с? орада, бранцин, ковач, шкрпина, пиц, фратар и кавала. Јадењата од риба се сервираат со блитва - растение слично на спанаќ, во комбинација со компири и маслиново масло.
На менито има и разновидни јадења од каписанти, остриги, лигњи и сипи. Специфично за јадранските лигњи е што се големи и се вкусни за полнење и за печење на скара, по што се преливаат со сос од вино. Голем дел од јадењата се комбинирани од тестенини - шпагети со морски плодови, зелени резанки со морски плодови или фужи со шкампи. Како состојка на овие јадења се употребува и печурката тартуфа. Специјалитетит на куќата е црното рижото со сипа, кое се подготвува од италијански ориз, сипа и комбинација од зачини.
Покрај јадења од риба, морски плодови и тестенини во “Кварнер” се подготвуваат и специфични далматински јадења од месо. Меѓу нив се бифтек на скара, бифтек со тартуфи, бифтек во сос од зелен бибер и пилешки гради во сос од лимон.
Од поинтересните салати би ги издволе медитеранската салата со марула, туна, јајце и маслинки и кварнерската салата од марула, домати, солени рипчиња инчуи, зачин капри и пченка. Ресторанот располага со голем избор висококвалитетни жестоки пијалоци и вина од хрватските виногорја, а јадењето ќе ви го направат пријатно далматинска музика и ведро уредениот простор. Сепак, кога ќе дојде ред да си ја платите сметката може и да ви се стемни. Храната е навистина добра, но цените се ексклузивни и задоволството не може да си го дозволи секој. “Прописно” јадење би ве чинело 1.400 до 1.500 денари по човек.
Адреса: Андон Дуков бр. 27 - хотел “Скопски мерак”, кај Зоолошката градина во Скопје.
Работно време: понеделник - четврток од 9 до 24 ; петок и сабота од 9 до 1 по полноќ; недела од 9 до 24 ч.
Резервации: телефон 02 / 30 90 752.
Начин на плаќање: во готово; граѓански чекови; Мастер кард, Виза, Американ експрес и Дајнерс.
Пристап за луѓе во количка: една скала на влезот; во една рамнина.
No comments:
Post a Comment