Нема да ви биде нужно да прочитате отчет од Владата и Министерството за туризам за да видите дека Црна Гора знае што прави. Ќе биде доволно само неколку дена да престојувате во земјата. Лесно ќе забележите кој сектор од економијата им е најзначаен и дека целото општество е мобилизирано за оствравување на таа визија
Пишува: Васко МАРКОВСКИ
Фото: Филип ПОПОВСКИ
ЦРНА ГОРА - Овие луѓе знаат што прават и несомнено ќе го направат тоа што го наумиле! Лесно ќе го заклучите ова ако патот ве однесе првпат или по долго време во Црна Гора, сакајќи да видите што има да им понуди на туристите земјата на мрзеливите Црногорци, како што велат предрасудите на кои и ден-денес им веруваме.Но, не бидете изненадени кога ќе видите нешто сосем различно, нешто што ни најмалку не им прилега на сеќавањата или сликите што ви ги создале вашите блиски раскажувајќи за социјалистичките, синдикални летувалишта во Црна Гора, во која ви се нудат диво море, место да преспиете, скромни продавници, кафулиња и ресторани со мрзеливи келнери.
Ќе биде доволно само да го поминете патот од југот кон северот на земјата или обратно и да поминете неколку часа престој в место за да сфатите нешто сосем друго - овие луѓе знаат што прават! Решиле да живеат од туризам и тоа ќе го направат. Знаат што имаат, знаат што сакаат да направат од тоа што го имаат, знаат кому сакаат да му го продадат тоа што го создаваат и, знаат како да го направат тоа!ЛИДЕР НА МЕДИТЕРАНОТ ДО 2020
Визијата на Црна Гора за развој на туризмот, најдобро ќе ја согледате во воведните поглавја на црногорската Националната стратегија за развој на туризмот до 2020 г., но, тоа што најмногу ќе ве изненади е дека не мора да одите толку длабоко во вашите истражувања за да го дознаете тоа. Доволно ќе биде да поразговарате со првиот стопанственик или со првиот човек што ќе го сретнете на улиците во која и да е дестинација од туристичката мапа на Црна Гора. Ќе чуете нешта на кои ќе им се радувате како да сте чуле амбициозна, добро осмислена и остварлива визија за својата земја.
Разгледувајќи ја Стратегијата, најпрвин ќе бидете изненадени од самодовербата на црногорското општество кога си ги поставило пред себе целите што сака да ги постигне.Според документот, кој, движењето низ теренот ќе ве увери дека не е само текст на хартија, туку начин на размислување на Црногорците, визијата на Црна Гора е до 2020 г. да израсне во лидер во туризмот на Медитеранот - пазар што е ориентиран кон висок квалитет, а туризмот да биде главен генератор на работни места и приходи.
Имајќи го ова на ум, лесно ќе ги препознаете и конкретните нешта што веќе се направени или почнале да се прават за да се стигне до оваа амбициозна цел, колку и да ви личи навидум претенциозна.Ако имате предвид дека си поставиле цел Црна Гора да стане силна висококлалитетна туристичка дестинација на глобално ниво, туризмот да биде сектор што ќе ја движи економијата, ќе креира доволно работни места и раст на животниот стандард, а државата да добива приходи на стабилен и сигурен начин, лесно ќе сфатите дека секој можен новоизграден објект што ќе го средните на патот и секој новоизграден или реновиран хотел во туристичките места е дел од таа визија. Лесно ќе забелжите дека, на пример, елитните хотели во Колашин или во Будва се дизајнирани токму така, за да бидат провокација и за најпребирливите глобтротери, на кои не им е проблем да извадат картичка од џебот и да платат патување какво што ќе посекаат, на било кој дел од планетата, во било кој дел од годината.
ЦРНОГОРСКАТА ПОУКА
Р
ешеноста на Црна Гора да убеди што повеќе луѓе да ја посетат и да го испрати секој гостин задоволен ќе ја забележите уште пред да дојдете таму. Доволно е да го посетите националниот веб-порталот на Националната туристичка организација (НТО) и да сфатите дека си имате работа со туристичка земја која ќе направи сè за да дојдете да ја видите. Портал со едноставна адреса, лесна за паметење, www.montenegro.travel, кој ќе нема да ве пушти да го затворите прозорецот без да надјете нешто за себе.
ешеноста на Црна Гора да убеди што повеќе луѓе да ја посетат и да го испрати секој гостин задоволен ќе ја забележите уште пред да дојдете таму. Доволно е да го посетите националниот веб-порталот на Националната туристичка организација (НТО) и да сфатите дека си имате работа со туристичка земја која ќе направи сè за да дојдете да ја видите. Портал со едноставна адреса, лесна за паметење, www.montenegro.travel, кој ќе нема да ве пушти да го затворите прозорецот без да надјете нешто за себе. А, што ќе видите во Црна Гора и која е нејзината уникатност, ќе можете да дознаете уште од првата средба препознатливо туристичко лого на земјата, пропратено со препознатлив и едноставен слоган, кус и полн со значење: MONTENEGRO, Wild beauty.
Свесни дека им претстои кризна година за туризмот, секој од своја страна презел по нешто.
Перформансите велат дека секторот туризам покажал висок степен на виталност во кризна година, при што бил унапреден квалитетот на понудата и имиџот на Црна Гора на меѓународниот пазар - категоризирани 48 хотели (3.200 нови кревети), 19 плажи "Сино знаменце", категоризирани 6 марини, обележани 6.000 километри патеки за планинарење и велосипедизам.Дека преземените мерки даваат резултати, сведочат и бројните репортажи за туристичката понуда на Црна Гора, во кои земјата на мрзеливите, како што вели нашата заблуда, е опишана како една мала држава која во услови на рецесија ќе им понуди на љубителите на скијањето нешто што не можат да го добијат во своите земји или во популарните скијачки центри низ светот - сето тоа, за помалку пари, со поквалитетна и уникатна услуга.
Црногорската поука е голема. За почеток, да расчистиме што сакаме да направиме со себе, како што тоа го направиле Црна Гора и Црногорците. Една турска поговорка вели: Кога ќе се затркала тркалото, има патот кој да го покаже.
No comments:
Post a Comment