ГУРМАН
Четири-пет чоколадни бонбони - подарок за паметење
Васко Марковски
Сте тргнале од Гимназија “Јосип Броз” накај “Рекорд”, но ве фатило “црвено” на семафорот кај “Палома бјанка”. Разгледувате наоколу чекајќи “зелено”, а вниманието ви го привлекува жолта светлечка реклама оддесно. Можеби ова ви се случило веќе неколку пати, а уште не сте откриле каков дуќан се крие зад натписот “Леонидас”. Обидете се еден ден да тргнете неколку минути порано и, погледнете во излогот. Ќе се соочите со слика како од бајките и чудна “магнетна привлечност” што ќе ве натера да влезете внатре. Не е куќата на Ивица и Марица, туку е првата продавница на прочуените чоколадни бонбони “Леонидас”, познати како белгиски пралини, или како оригинално белгиско чоколадо.
Звучи “грчки”, а е од Белгија!? Да. Леонидас е името на господин Кестекидес, кој на почетокот на дваесеттиот век, како грчки иселеник во Америка, ги удрил темелите на денешната компанија со неколку фабрики и 1700 дуќани ширум светот. Непосредно пред Првата светска војна освоил златна и бронзена плакета за квалитет на белгиските саеми за прехранбни прозиводи, по што решил својот бизнис целосно да го пресели во Белгија. Неговото присуство таму го “забетонирала” љубовта со една девојка Брисел, со која подоцна ќе се ожени. Така, во 1913 година почнува традицијата, која се развива под мотото “луксуз достапен за секого”.
Пралините се изработуваат исклучиво со путер од какао, а како “полнење” се употребуваат разни свежи кремови, млечен крем, лешници и овошни додатоци во најразлични комбинации. Ќе најдете пралини полнети со крем од путер, пралини со посебен крем или со ганаш, со крем од ликер, со карамела, со пралине, пралини полнети со чисти ликери.. Сите се изработуваат во три варијанти: “облечени” во црно, во класично или во бело чоколадо. Истото важи и за неколкуте видови “манон”, пралините што му го донесле најголемиот успех на Леонидас, а не ги одминувајте и слатките од кандирано овошје и марципан - особено погодни во деновите на Велигденските пости.
За да го доживеете вистинскиот вкус, се препорачува да се чуваат на темно, на температура од 15 до 20 Целзиусови степени и да се консумираат максимум една недела од денот на купувањето. Затоа, нека не ве чуди ако ви застуди додека се премислувате што да одберете. Дополнителна гаранција за квалитетот е и специјалниот жиг на долната страна на секое бонбонче.
Една од работите што најмногу импресионираат се и специјалните кутии во кои се пакуваат пралините - поголеми или помали “кутии за накит”, разни теглички, метални кутии со играчка, познати бриселски згради, во кои ќе спакувате одлични подароци како изненадување за вашите сакани, за роденденската журка за која сте разбрале “во пет до дванаесет”, но и да се почестите себеси по некој убав повод. Не плашете се од цените - квалитетот и од четири-пет пралини ќе направи подарок што ќе се памети.
Адреса: Даме Груев 16, локал 5, Скопје - ТЦ “Палома Бјанка”
Информации и нарачки: телефон 02 / 32 31 441
Начин на плаќање: во готово, граѓански чекови, Дајнерс
Четири-пет чоколадни бонбони - подарок за паметење
Васко Марковски
Сте тргнале од Гимназија “Јосип Броз” накај “Рекорд”, но ве фатило “црвено” на семафорот кај “Палома бјанка”. Разгледувате наоколу чекајќи “зелено”, а вниманието ви го привлекува жолта светлечка реклама оддесно. Можеби ова ви се случило веќе неколку пати, а уште не сте откриле каков дуќан се крие зад натписот “Леонидас”. Обидете се еден ден да тргнете неколку минути порано и, погледнете во излогот. Ќе се соочите со слика како од бајките и чудна “магнетна привлечност” што ќе ве натера да влезете внатре. Не е куќата на Ивица и Марица, туку е првата продавница на прочуените чоколадни бонбони “Леонидас”, познати како белгиски пралини, или како оригинално белгиско чоколадо.Звучи “грчки”, а е од Белгија!? Да. Леонидас е името на господин Кестекидес, кој на почетокот на дваесеттиот век, како грчки иселеник во Америка, ги удрил темелите на денешната компанија со неколку фабрики и 1700 дуќани ширум светот. Непосредно пред Првата светска војна освоил златна и бронзена плакета за квалитет на белгиските саеми за прехранбни прозиводи, по што решил својот бизнис целосно да го пресели во Белгија. Неговото присуство таму го “забетонирала” љубовта со една девојка Брисел, со која подоцна ќе се ожени. Така, во 1913 година почнува традицијата, која се развива под мотото “луксуз достапен за секого”.
Пралините се изработуваат исклучиво со путер од какао, а како “полнење” се употребуваат разни свежи кремови, млечен крем, лешници и овошни додатоци во најразлични комбинации. Ќе најдете пралини полнети со крем од путер, пралини со посебен крем или со ганаш, со крем од ликер, со карамела, со пралине, пралини полнети со чисти ликери.. Сите се изработуваат во три варијанти: “облечени” во црно, во класично или во бело чоколадо. Истото важи и за неколкуте видови “манон”, пралините што му го донесле најголемиот успех на Леонидас, а не ги одминувајте и слатките од кандирано овошје и марципан - особено погодни во деновите на Велигденските пости.За да го доживеете вистинскиот вкус, се препорачува да се чуваат на темно, на температура од 15 до 20 Целзиусови степени и да се консумираат максимум една недела од денот на купувањето. Затоа, нека не ве чуди ако ви застуди додека се премислувате што да одберете. Дополнителна гаранција за квалитетот е и специјалниот жиг на долната страна на секое бонбонче.
Една од работите што најмногу импресионираат се и специјалните кутии во кои се пакуваат пралините - поголеми или помали “кутии за накит”, разни теглички, метални кутии со играчка, познати бриселски згради, во кои ќе спакувате одлични подароци како изненадување за вашите сакани, за роденденската журка за која сте разбрале “во пет до дванаесет”, но и да се почестите себеси по некој убав повод. Не плашете се од цените - квалитетот и од четири-пет пралини ќе направи подарок што ќе се памети.
Адреса: Даме Груев 16, локал 5, Скопје - ТЦ “Палома Бјанка”
Информации и нарачки: телефон 02 / 32 31 441
Начин на плаќање: во готово, граѓански чекови, Дајнерс
No comments:
Post a Comment