ГУРМАН
АРАПСКИ РЕСТОРАН „УМ ЗИНА“
Али Баба познат и по убави нешта
Васко Марковски
Онаму каде што застана ресторанот СФ во 90-тите години, пред две години продолжи ресторанот Ум Зина, сместен во центарот на градот. Тие на скопјани им овозможија да уживаат во специјалитетите на арапската кујна.
На влезот ве пречекува летна тераса со маси од “тешко” дрво и фонтана што жубори во летните “пустински” жештини. Трите дела на ресторанот - главниот салон, летната тераса и сепарето, ненаметливо се декорирани со предмети од арапскиот свет: бамбусови тепсии, бедуински носии и перничиња за седење “облечени” во арабески. Ако имате среќа, амбиентот ќе ви го дополни и некој гостин со наргиле. Комплетната слика можете да ја добиете во петок навечер, кога на програмата се и стомачни танци.
Главни состојки на јадењата од арапската кујна се наутот, таанот, разни житарки, бунгурл, ориз и разни видови зеленчук. Јадењата се подготвуваат со маслиново масло, а се зачинуваат со кари, коријандер, сумак, затар и хел. Храната се пече на јаглен, за да не се мешаат вкусовите. Главните готвачи во Ум Зина се од арапско потекло, со повеќегодишно искуство. Необичните имиња на менито може да ги збуни тие што во ресторанот доаѓаат првпат. Но персоналот е веднаш тука да ви помогне во изборот.
Листата на пијалаци е стандардна, но има и турски или арапски чај и чај од нане. Цените се вообичаени. Аперитивите, “жестоките” пијалаци и вината од македонското виногорје би можеле да бидат малку поевтини. Пробајте ги поавтентичните пијалаци: ајран - солен јогурт со ситно исечкани ливчиња нане и арапското бедуинско кафе - слично на турското, но поизвриено и зачинето со хел. Од десертите, куќата ги препорачува арапската туфахија - печено јаболко полнето со фил од урми, колачот зина - сув колач со јаболко и баклава со ф'стаци.
Но, тоа е на крајот.
Стартувајте со мезе од фелафел - ќофтиња од наут, хумус - паста од наут и таан со домати. Добар избор е и адес-чорба - вегетаријанска чорба од црвена леќа со кари. Специјалитет на куќата е али баба-порција, што е мешавина од повеќе јадења: пилешки раженчиња, шиш-ќебап - голем приближно како пет ќебапи од скопските ќебапчилници, куббе - неколку видови ќофтиња од компир, ориз, бунгур, полнети со мелено месо, фелафел, басамати ориз - вид долгнавест ориз и гарнир од свеж зеленчук. Порцијата е доволен оброк за две до три лица и чини 800 денари. За целосно задоволство, со главното јадење можете да земете и салата тебуле - од магдонос, бургул и домати, или фетуш - нешто како “шопска”, гарнирана со кршен арапски листест леб.
Во Ум Зина може солидно да се руча за околу 500 денари (скара, салата, мезе и еден пијалак), но за целосно уживање би било добро да не штедите премногу. И за крај, еден совет: арапската храна се подготвува подолго, за да не чекате, подобро е да порачате пред да дојдете во ресторанот. Се наоѓа во центарот, до Агенцијата за иселеништво.
Резервации: тел. 02/ 3129 345 и 070/ 246 977 (во недела не работи).
АРАПСКИ РЕСТОРАН „УМ ЗИНА“
Али Баба познат и по убави нешта
Васко Марковски
Онаму каде што застана ресторанот СФ во 90-тите години, пред две години продолжи ресторанот Ум Зина, сместен во центарот на градот. Тие на скопјани им овозможија да уживаат во специјалитетите на арапската кујна. На влезот ве пречекува летна тераса со маси од “тешко” дрво и фонтана што жубори во летните “пустински” жештини. Трите дела на ресторанот - главниот салон, летната тераса и сепарето, ненаметливо се декорирани со предмети од арапскиот свет: бамбусови тепсии, бедуински носии и перничиња за седење “облечени” во арабески. Ако имате среќа, амбиентот ќе ви го дополни и некој гостин со наргиле. Комплетната слика можете да ја добиете во петок навечер, кога на програмата се и стомачни танци.
Главни состојки на јадењата од арапската кујна се наутот, таанот, разни житарки, бунгурл, ориз и разни видови зеленчук. Јадењата се подготвуваат со маслиново масло, а се зачинуваат со кари, коријандер, сумак, затар и хел. Храната се пече на јаглен, за да не се мешаат вкусовите. Главните готвачи во Ум Зина се од арапско потекло, со повеќегодишно искуство. Необичните имиња на менито може да ги збуни тие што во ресторанот доаѓаат првпат. Но персоналот е веднаш тука да ви помогне во изборот.
Листата на пијалаци е стандардна, но има и турски или арапски чај и чај од нане. Цените се вообичаени. Аперитивите, “жестоките” пијалаци и вината од македонското виногорје би можеле да бидат малку поевтини. Пробајте ги поавтентичните пијалаци: ајран - солен јогурт со ситно исечкани ливчиња нане и арапското бедуинско кафе - слично на турското, но поизвриено и зачинето со хел. Од десертите, куќата ги препорачува арапската туфахија - печено јаболко полнето со фил од урми, колачот зина - сув колач со јаболко и баклава со ф'стаци.Но, тоа е на крајот.
Стартувајте со мезе од фелафел - ќофтиња од наут, хумус - паста од наут и таан со домати. Добар избор е и адес-чорба - вегетаријанска чорба од црвена леќа со кари. Специјалитет на куќата е али баба-порција, што е мешавина од повеќе јадења: пилешки раженчиња, шиш-ќебап - голем приближно како пет ќебапи од скопските ќебапчилници, куббе - неколку видови ќофтиња од компир, ориз, бунгур, полнети со мелено месо, фелафел, басамати ориз - вид долгнавест ориз и гарнир од свеж зеленчук. Порцијата е доволен оброк за две до три лица и чини 800 денари. За целосно задоволство, со главното јадење можете да земете и салата тебуле - од магдонос, бургул и домати, или фетуш - нешто како “шопска”, гарнирана со кршен арапски листест леб.
Во Ум Зина може солидно да се руча за околу 500 денари (скара, салата, мезе и еден пијалак), но за целосно уживање би било добро да не штедите премногу. И за крај, еден совет: арапската храна се подготвува подолго, за да не чекате, подобро е да порачате пред да дојдете во ресторанот. Се наоѓа во центарот, до Агенцијата за иселеништво.
Резервации: тел. 02/ 3129 345 и 070/ 246 977 (во недела не работи).
No comments:
Post a Comment